По неколкуте турболентни седмици и информациите за заминување од клубот на еден од најдобрите напаѓачи на денешницата, Винисиус Џуниор во Мадрид повторно владее оптимизам за задржување на Бразилецот.
Договорот на Винисиус Џуниор и Реал Мадрид истекува во 2027 година, а преговорите за продолжување на соработка донесоа тензии, меѓутоа според последните информации од Шпанија истите се надминати и се работи во позитивна насока за нов, побогат договор.
Винисус пристигна на „Сантијаго Бернабеу“ во 2018 година и веднаш се наметна во составот. Винисиус досега настапи на 338 натпревари во „белиот“ дрес постигнувајќи неверојатни 111 голови и 87 асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

