ЕКИПА во Самоков,
Стеван Цаневски, Роберт Спасовски
Блокотехна во првата година од своето постоење бележи одлични резултати, не само во домашното првенство каде е рамо до рамо со шампионот МЗТ Скопје, туку и во БИБЛ-лигата каде македонскиот претставник како второпласиран во регуларниот дел од сезоната обезбеди директно место на Ф4 турнирот.
Дојде и тој викенд, во кој Блокотехна е еден од четирите тимови што во Самоков ќе атакува на трофејот, во обид да направи чудо – во дебитантската сезона во клупската историја да стигне до еден значаен трофеј. Предизвикот е голем, утрешниот ривал Левски Лукоил ќе ја има фаворитската улога во полуфиналето, но тимот од Гевгелија сезонава во многу наврати покажа дека игра најдобро кога настапува без притисок.
Денешниот тренинг мина во добра атмосфера, со санирање на ситните повреди, па тренерот Илиевски ќе ги има на располагање сите играчи, во обид да се испишат нови страници во клупската историја.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА