Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изрази низа критики против како што вели „слабоста и распаѓањето на Западот“, што беше илустрирано со „церемонијата на отворање на Олимписките игри (ОИ) во Париз“.
Орбан верува дека „празнината“ на Западот се рефлектира со отворањето на ОИ, каде што беше почестена мешаната Франција и беше истакната ЛГБТ заедницата, со трансвестити прикажани околу масата како во сликата на Леонардо да Винчи „Тајната вечера“ за библиската последна вечера на Исус Христос со апостолите.
„Постепено тие ги прекинаа метафизичките врски со Бога, татковината и семејството. Западните вредности, кои долго време се сметаа за универзални, сега се сметаат за сè понеприфатливи од многу земји во светот и се отфрлаат“, изјави Орбан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА