Организаторите на „Анталија Куп 2021“ го изненадија Милевски (ФОТО)

Селекторот на младата репрезентација на Македонија, Благоја Милевски денеска доби пријатно изненадување од организаторите на меѓународниот турнир „Анталија Куп 2021“ во Анталија, Турција.

Милевски, кој денеска го слави својот јубилеен 50-ти роденден, по утринскиот тренинг на националниот тим беше изненаден од домаќините кои го честитаа неговиот роденден на специфичен начин.

Македонија во Анталија игра на турнир заедно со Украина, Словачка, Бугарија, Казахстан. Единствено нема да се одигра тест-дуел со Украинците затоа што сме во заедничка група во квалификациите за ЕП 2022.

Се вчитува...