Организаторите на „Охрид ТрчаТ 2018“ оваа година и со детско катче!

Атлетскиот викенд „Охрид ТрчаТ 2018“ кој годинава ќе се одржи на почетокот од јуни ќе биде збогатен и со детско катче, информираат од Асоцијацијата за спортови „Спорт за сите – сите за Спорт“, организатор на настанот.

„Охрид ТрчаТ“ ќе излезе во пресрет на сите родители кои сакаат, а немаат можност да учествуваат на трката поради обврските со дечињата организирајќи детско катче во траење од два часа.

„Доколку сакате да учествувате на манифестацијата Охрид трчаТ, но немате обезбедено услови за згрижување на Вашите деца, нашата организација Ви нуди одлична можност. Во соработка со тимот од „Час за детски приказни на англиски јазик“, програма во рамките на Црвен крст Охрид, ќе обезбедиме организирана грижа за децата на возраст од 3-8 години, чии родители пријавиле или ќе пријават учество на настанот. Децата ќе бидат анимирани преку најразлични креативни и забавни активности во текот на два часа додека трае настанот, 9:30-11:30, на 03.06.2018 година. 

За да ја искористите ова можност треба само да се јавите на следнитe телефонски брoеви 046 262 706 или 070 315 309 и да го пријавите Вашето дете/деца најдоцна до 31.05.2018 година. 

Родители добредојдовте на Охрид трчаТ спортска манифестација која сакаТ и знајТ како да се грижиТ за нашите поддржувачи и учесници“ – се вели во соопштението од Асоцијацијата за спортови „Спорт за сите – сите за Спорт“.

Сите заинтересирани учесници пријавувањето на Атлетскиот викенд Охрид ТрчаТ можат да го извршат на официјалната интернет страница www.ohridtrcat.mk, а деталните информации можете да добиете на мејлот ohridtrcat@gmail.com.

Се вчитува...