Поранешната јапонска политичарка и олимпијка Сеико Хашимото е избрана за нова претседателка на организацискиот комитет на ОИ во Токио 2021. Хашимото беше промотер на Олимписките игри, а како би ја презела новата функција мораше да поднесе оставка на тоа место.
Нејзиниот претходник Јоширо Мори неодамна поднесе оставка по гневот на јавноста поради неговите сексистички коментари. Летните олимписки игри во Токио ќе се одржат во периодот од 23. јули до 8. август годинава, откако минатата година беа одложени поради пандемијата од коронавирусот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА