Манчестер јунајтед излезе како победник од трката по Серж Орие, откако десниот бек на ПСЖ го избрал токму англискиот гигант за своја следна дестинација во кариерата.
Дефанзивецот од Брегот на Слоновата Коска и во текот на ланската сезона имаше конфликт со тренерот Емери, а по доаѓањето на Дани Алвеш стана јасно дека Орие летово ќе си замине од „Паркот на принцовите“. Како опција се споменуваше дури и Барселона, понуди испратија и Јувентус и Челси, но на крајот „црвените ѓаволи“ успеаја да се договорат за петгодишна соработка со овој фудбалер.
Се очекува Орие најдоцна до почетокот на следната седмица да пристигне во Манчестер на лекарски прегледи, по што ќе следи и потпис на договорот со најтрофејниот англиски клуб. Манчестер јунајтед ќе плати 15 милиони фунти за овој фудбалер, кој ќе му биде конкуренција на капитенот Валенсија во битка за место во стартниот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА