Оригинално потсмевање на навивач на Ривер со напаѓачот на Бока јуниорс… (ВИДЕО)

Напаѓачот на Бока јуниорс, Дарио Бенедето на реванш дуелот од финалето во Копа Либертадорес невкусно ги провоцираше фудбалерите на Ривер Плата по неговиот погодок за водство на Бока од 0-1. Но, на крајот тој е главната цел за потсмев на целиот фудбалски свет откако неговиот тим на крајот загуби со 3-1.

Аргентинскиот репрезентативец во моментите на еуфорија по постигнатиот гол се кривеше пред противничкиот фудбалер. Постапка за која веројатно сега се кае. Но, очигледно касно.

Веќе е цел на потсмев на навивачите на Ривер Плата за кои е извонредна инспирација… Па, еден навивач се одлучи да ги прегледа спортските весници и насловите во кои се слави неговиот тим токму со „помош“ на Бенедето… Оригинално, нема што!

 

Се вчитува...