Ракометарите на Охрид ја играат својата прва дерби пресметка во новата сезона против екипата на ГРК Тиквеш.
Кавадарчани ќе гостуваат во Охрид, во дуелот за висок пласман и излез во ракометна Eвропа. „Гладијаторите“ најавуваат голема борба и продолжување на победничката серија.
„Ова ќе биде многу важен натпревар за нас. Тиквеш е наш голем ривал, ќе дадеме се од себе да триумфираме на овој меч и да ја продолжиме низата на победи“ – вели левиот бек на ГРК Охрид, Теимураз Орјоникидзе.
Натпреварот се игра во сабота со почеток од 18:30 часот во салата „Билјанини Извори“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА