Мексико Сити ќе биде домаќин на два натпревари од НБА лигата во претстојната сезона. Кошаркарите на Орландо меџик во декември годинава во Мексико ќе ги играат натпреварите против Чикаго булс и Јута џез, објави раководството на најквалитетната кошаркарска лига.
Ова е трета сезона по ред во која Мексико е домаќин на средби од најсилната кошаркарска лига во светот. Со овие два меча, Мексико ќе има вкупно 28, што е рекорд со најмногу одиграни натпревари од најсилната кошаркарска лига во светот надвор од САД и Канада.
Од овие три екипи, ниедна досега не играла натпревари од регуларната сезона во Мексико. „Џезерите“ имаат одиграно три претсезонски натпреврари, две во 1996 и една во 2003, а Орландо еден меч во 2012 година.
Булси, пак досега имаат играно во Лондон и во Бразил, но не и во Мексико.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА