Орландо Меџик се соочува со огромен проблем бидејќи остана без услугите на најдобриот кошаркар, Џејлен Сагс до крајот на сезоната поради повреда.
И покрај тоа што постоеше голем оптимизам дека Сагс ќе се врати на теренот по поведата на левото колено, тој почувствувал нови болки пред натпреварот против Кливленд по што деталните медицински прегледи утврдиле голем проблем во пределот каде што се составуваат бутната коска и чашката на коленото.
Американскиот кошаркар помина низ оперативен зафат кој ќе го оддалечи од теренот до почетокот на сезоната 2025/26.
Неговото отсуство е голем удар кон плеј-оф амбициите. Орландо се бори за едно од првите шест места на табелата со скор 29-34, но со оглед на тоа што забележа 16 порази во последните 22 натпревари, и отсуството на Сагс до крајот на сезоната шансите драстично се намалени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

