Орландо Меџик ја продолжи соработката со својата прва ѕвезда Паоло Банкеро на пет години.
Банкеро доби максимално продолжување на договорот за 239 милиони долари, што може да достигне 287 милиони, пренесува „ЕСПН“.
Неговиот нов договор содржи клаузули кои би можеле да му ја зголемат основната плата доколку клучниот играч на Орландо биде избран во Ол-стар натпреварот на НБА или биде прогласен за МВП или одбранбен играч на годината следната сезона.
Договорот вклучува и „играчка опција“ за Банкеро во сезоната 2030/2031, што е прв случај по 2021 година, кога Лука Дончиќ во Далас Маверикс и Треј Јанг во Атланта Хокс ја имаа таа опција.
Изборот број 1 од драфтот во 2022 година имаше просек од 25,9 поени, 7,5 скока и 4,8 асистенции минатата сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

