Орсолини го реши Комо, второ реми во низа за Аталанта

Болоња триумфираше над Комо со 1-0 во рамките од второто коло од Серија А, нанесувајќи му го првиот пораз на гостинскиот тим предводен од Цеск Фабрегас на клупата.

Првото полувреме донесе израмнет фудбал без многу шанси, а решавачка се покажа 59. минута во која Орсолини мајсторски биеше од работ на шеснаесетникот и ја затресе мрежата на гостите.

Аталанта и на вториот овосезонски меч одигра нерешено, овојпат 1-1 на гостувањето против Парма. Гостите први поведоа преку Пашалиќ во 79. минута, но нивната радост траеше само шест минути, бидејќи Кутроне стрелаше прецизно за конечните 1-1 на „Енио Тардини“.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...