Првата носителка Наоми Осака се пласираше во 3. коло на Ролан Гарос, откако во дербито на рундата ја совлада Белорусинката Викторија Азаренак со 2-1 по сетови 4-6, 7-5 и 6-3. Белорусинката подобро го почна мечот поведувајќи со 5-1. Следуваше серија од три гејма на Јапонката (5-4) кои не беа доволни за целосен пресврт, бидејќи Азаренка отсервира одлично и го доби првиот сет со резултат 6-4. Белорусинката продолжи со добрата игра и на стартот на вториот сет. Таа стигна до брејк во петтиот гејм за водство од (3-2). Сепак, Осака успеа да се консолидира и со одлична игра да го добие вториот сет со 7-5. Во третиот сет продолжи доминацијата на првата носителка и со сигурни 6-3, обезбеди пласман во третото коло, каде ја чека подобрата од мечот меѓу Синиакова од Словачка и Сакари од Грција.
Настапот на вториот Гренслем во сезоната го завршија единаесетта носителка Арија Сабаљенка, која загуби од американската тин-сензација Аманда Анисимова, но и освојувачката на турнирот во Индијан Велс, Бјанка Андреску која без борба го предаде мечот против Американката Кенин. Во третото коло пласман обезбедија и Свјатек од Полска, Болсова-Задианов од Шпанија, Русинката Александрова.
Кај мажите четвртиот носител Доминик Тим од Австрија потешко од очекуваното со 3-1 (6-3, 6-7, 6-3 и 7-5) го совлада Казахстанецот Бублик, а во следното коло се пласираa и Пабло Куевас од Уругвај и Аргентинецот Леонардо Мареј кој го совлада полуфиналистот од Рим, Диего Шварцман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА