Наоми Осака ќе се врати на првата позиција на ВТА листата од понеделник и покрај четвртфиналниот пораз од Серена Вилијамс на Мастрестот во Торонто. Американската тенисерка славеше во два сета со 6-3 и 6-4 и обезбеди полуфинален дуел со Мари Бозуковa кој меѓу најдобрите четири се најде бидејќи Симона Халеп и го предаде четвртфиналниот дуел.
Оска го презема врвот и покрај поразот затоа што нејзината конкурентка Каролина Плишкова доживеа пораз од романската тинејџерка Бјанка Андрску и со тоа и го олесни патот на Јапонката.
Досегашната лидерка на ВТА листата, Австраликата Елши Барти го загуби водечкото место во моментот кога беше елиминирана во вторто коло на канданскиот Мастерс.
Ова беше прв дуел на Осака и на Вилијамс по непријатното финале на УС Опен минатата година, кога Серена направи инцидент расправајќи се со судијата, а јапонската тенисерка дојде до првата грен-слем титула во кариерта.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА