Тимот на Осасуна и покрај избореното место во Лигата на Конференции, сепак, нема да игра во тоа натпреварување. УЕФА го исфрли шпанскиот тим, кој поднесе жалба, но истата беше одбиена, и официјално тимот од Памплона нема да биде дел од европските натпреварувања.
Го потврди тоа и шпанскиот клуб, кој напомена дека ги исцрипла сите правни инструменти кои се на располагање за менување на одлуката, но УЕФА остана на својот првичен став.
„Одборот на УЕФА денеска одлучи Осасуна да не игра во Лигата на Конференции за сезоната 2023/24. Членовите на Одборот за жалби при УЕФА не ги зедоа во предвид доказите кои клубот ги објави минатиит петок, и повторно го потврдија првобитното мислење на инспекторите на УЕФА за контрола, етика и дисциплина“, стои во соопштението на Осасуна.
УЕФА го исфрли овој тим поради наводни наместени натпревари во 2014 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

