Осасуна триумфираше со 2-0 против Атлетико Мадрид во 36. коло од Ла Лига и го продолжи сонот за излез во Европа следната сезона.
Фудбалерите на Диего Симеоне очигледно не беа многу заинтересирани за фудбал, па тоа го искористија домашните кои уште во 25. минута дојдоа до предност кога по асистенција на Сарагоса, Катена погоди за 1-0.
Во 82. минута и Будимир постигна гол за конечни 2-0.
⚽️ GOAL: Budimir
🇪🇸 Osasuna 2-0 Atletico Madridpic.twitter.com/5ONF2lSMFB— Goals Xtra (@GoalsXtra) May 15, 2025
По ова коло Осасуна има ист број на бодови со Рајо Ваљекано, кој вечерва ремизираше (2-2) со Бетис, и и двата тиме се на позиција која води во Конференциската лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

