Валенсија не успеа да триумфира на тешкото гостување кај Осасуна, откако конечниот резултат гласеше 3-3. Ел Хадади по две минути игра, ги доведе „лилјаците“ во водство, а возврати Риера во седмата минута од средбата.
Истиот фудбалер во последните секунди од првото полувреме, постигна уште еден погодок, но овојпат во сопствената мрежа и ги доведе гостите повторно во водство. На стартот на вториот дел, Роберто Торес имаше шанса да ја зголеми предноста, но голманот на Валенсија одлично интервенираше.
Сепак, во 62-та минута, Торес беше прецизен, одлично користејќи ја одбиената топка и умешно стрелаше во противничката мрежа. Десетина минути подоцна, Валенсија повторно дојде до водство , благодарение на Монтоја, кој биеше неодбранливо кон противничкиот гол.
Во 86-та минута, тимот од „Месталја“ доби удар од белата точка, но Парехо не беше прецизен, а казната стигна во самот финиш – Клерк донесе бод за Осасуна.
All goals and Highlights Osasuna 3- 3… by lifefootball
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА