Осасуна преку Севилја до полуфинале во шпанскиот куп (ВИДЕО)

Фудбалерите на Осасуна се вториот полуфиналист во најмасовното шпанско фудбалско натпреварување „Копа дел реј“ откако во четвртфиналето на домашен терен славеа над Севилја по продолженија со 2-1.

Иако гостите од Андалузија беа подобар противник во првиот дел не успеаја да ги искористат своите шанси, па на пауза се замина со почетните 0-0. Во второто полувреме домаќинот дојде до водство од 1-0 со голот на Чими Авилја во 71. минута. Ен Незири израмни на 1-1 во 95. минута и го одведе мечот во продолженија.

Таму сепак домаќините успеаја да стигнат до победа со погодокот на Елзалзули во 99. минута.

Се вчитува...