Најдобриот стрелец во хрватскиот шампионат со 11 постигнати голови, Музафер Ејупи, добива повик во репрезентацијата на Македонија за претстојниот квалификациски меч против Лихтенштајн во Вадуз на 24.март и пријателскиот меч против Белорусија четири дена подоцна во Скопје. Ова го објави хрватскиот клуб Осијек на својот официјален клупски сајт, истакнувајќи дека Ејупи со своите игри го заслужил повикот од селекторот Игор Ангеловски.
Конечниот список Ангеловски ќе го објави на почетокот на идната седмица, но во Осијек веќе е пристигнато писмото од ФФМ со барање Музафер Ејупи да биде ослободен за настап во македонскиот национален тим. Ејупи игра во добра форма, а на последниот меч во хрватскиот шампионат беше стрелец на два гола, во триумфот од 2-1 против Хајдук Сплит.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА