Осимен даде два гола, но тренерот не е задоволен: Порано трчаше повеќе…

Виктор Осимен беше одличен на отворањето на сезоната на Наполи, со два гола комплетирајќи го пресвртот на гостувањето против Фросиноне, за конечен триумф од 1-3 на актуелниот шампион на Италија.

Сепак, новиот тренер Руди Гарсија јасно стави до знаење дека не е премногу ипресиониран од она што го видел од Осимен, за што и лично му се обратил на Нигериецот на полувреме од натпреварот.

„Офанзивно гледано, беше одличен, постигна два гола и не може ништо да му се замери. Сепак, ако говориме за дефанзивната игра, воопшто не ми се допадна како го почна натпреварот. Порано повеќе трчаше, помагаше во одбраната, му пријдов на паузата и веднаш му кажав дека не сум задоволен. Во вториот дел тоа се промени“, изјави Гарсија.

Се вчитува...