Членот на Наполи, Виктор Осимен е избран за најдобар млад играч во Серија А. На едно коло пред крајот Серија А објави кои се наградени за сезоната што се ближи кон крајот.
И покрај тоа што Душан Влаховиќ постигна 24 гола, наградата за најдобар млад играч оди кај Осимен, кој беше главен играч на Наполи, а во сезоната постигна 14 гола.
Тој пристигна во Наполи летото 2020 година, кога Италијанците за неговите услуги на Лил му платија над 75 милиони евра. Нигерискиот напаѓач успеа доста брзо да се адаптира и стана најважниот играч во нападот на тимот.
Фудбалерот го привлече вниманието кај фудбалските гиганти, па наводно летово би можел да го напушти Наполи и да се пресели во Англија.
Во Англија пак, фудбалерот на Манчестер Сити, Фил Фоден втора година по ред е прогласен за најдобар млад играч во Премиер лигата. Фоден оваа сезона постигна девет гола со пет асистенции на 27 одиграни натпревари, со што го донесе Сити на чекор до одбрана на трофејот. Сепак, шампионската титула „граѓаните ќе треба да ја потврдат во последното коло.
Статистички, Фоден оваа сезона за својот тим со гол или асистенција придонесе на секои 146 минути и тоа е најдобрата статистика за играч до 21 година во лигата, под услов да одигра најмалку 500 минути.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА