Напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен е прогласен за најдобар фудбалер на Серија А за сезоната 2022/23 во изборот на Асоцијацијата на професионални фудбалери во Италија.
Во изборот сосема очекувано доминираше Наполи, како шампион на Италија, со најголем број наградени.
За најдобар тренер е прогласен Лучиано Спалети, кој ги донесе наполитанците до шампионската круна.
Избран е и идеалниот тим за сезоната 2022/23 година во Серија А во кој се: Мајк Мењон (Милан), Џовани Ди Лоренцо (Наполи), Ким Мин – Џае (Наполи), Алесандро Бастони (Интер), Тео Ернандез (Милан), Станислав Лоботка (Наполи), Хакан Чалханоглу (Интер), Николо Барела (Интер), Квича Кварацкелија (Наполи), Виктор Осимен (Наполи), Рафаел Леао (Милан).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

