Виктор Осимен е прв на списокот на Рубен Аморим за летниот трансфер период, пренесуваат англиските медиуми.
Последните информации велат дека е завршена 95 отсто од работата и дека брилијантниот Нигериец во летниот преоден рок ќе го носи дресот на повеќекратниот европски првак.
Осимен моментално е на позајмица во Галатасарај од Наполи, а наполитанците бараат 75 милиони евра обештетување. Тие пари ќе ги одвои Инеос, па не би требало да биде проблем. Аморим е незадоволен од изданијата на Зиркзе, а Хојлунд и Осимен без сомнение ќе бидат првата опција во нападот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

