Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ најверојатно ќе го напушти Јувентус. Често се зборува за неговото заминување од тимот, а Старата дама веќе најде замена.
Турските медиуми откриваат дека тимот од Торино започнал преговори со Наполи околу трансферот кој треба да биде комплетиран во летото следната година.
„Јувентус го сака Виктор Осимхен, кој моментално е на позајмица во Галатасарај. Тие се подготвени да ја платат сумата што ја бара Наполи“, стои во написите на турските медиуми.
Осимен има откупна клаузула од 60 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА