Осимен и Наполи се договорија за нова соработка

Виктор Осимен и Наполи се договорија за нова соработка, која ќе трае до 2026 година. Овојпат во договорот на Нигериецот ќе има и откупна клаузула од 120-130 милиони евра, откриваат италијанските медиуми.

Со тоа е ставена крај на сагата околу иднината на напаѓачот, кој не беше во добри односи со клубот, меѓутоа работите се средија, и во миговите кога тимот остана без Елмас, успеа да го задржи Осимен.

Сепак, и покрај новиот договор, и натаму Осимен останува „мета“ на големите клубови. Денеска се појави шпекулација дека Арсенал со 120 милиони евра ќе го „мами“ Нигериецот да дојде во Премиерлигата.

Се вчитува...