Виктор Осимен не го криеше задоволството откак со хет-трик го предводеше тимот на Галатасарај до триумф на гостувањето во Амстердам против тимот на Ајакс.
Екс-голгетерот на Наполи веќе стигна до шест погодоци по првите четири рунди, со што е на првото место на листата на стрелци во ЛШ пред асови како Мбапе, Кејн, Халанд…
„Секако дека ми е чест што сум на врвот на оваа листа. Чувствувам дека имам квалитет и да ја завршам сезоната како најдобар стрелец во ЛШ, но тоа е заслуга и на фантастичните соиграчи што ги имам овде во Галатасарај. Најважно е да продолжуваме со добри игри и победи, веќе реков дека оваа европска сезона ќе биде одлична за нас и за нашите навивачи“, изјави Осимен.
Галатасарај со девет освоени бода по првите четири рунди се наоѓа на делба од петтото до деветтото место на табелата, заедно со ПСЖ, Ливерпул, Реал Мадрид и Њукасл.
Турскиот гигант ќе има можност дополнително да го подобри овој пласман ако се знае дека во следната рунда ќе биде фаворит на домашен терен против белгискиот шампион Унион Сен Жилоа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

