Осимен искрен: Разочаран сум од мојот тим, на Јувентус мораме да му оддадеме признание

Галатасарај по продолженијата синоќа се пласираше во 1/8 финалето во Лигата на шампионите, откако успеа да постигне два гола во дополнителното време, и така да го елиминира Јувентус од најелитното натпреварување.

Јувентус ја стигна предноста од првиот меч, победи 3-0 и тоа со играч помалку, а потоа имаше огромна шанса и за 4-0 преку Жегрова. И кога не ја искористи, Осимен намали на 3-1, а Галата потоа стигна и до втор гол со кој го запечати пласманот во следната фаза.

Нигерискиот напаѓач по мечот застана пред камерата и беше брутално искрен зошто не го славеше голот во продолженијата.

„Олеснување е што поминавме понатаму, но морам да бидам искрен и да признаам дека сум разочаран од мојот тим, од играта, од пристапот. На Јувентус мораме да му оддадеме признание за ваквата храбра игра. Се пласиравме понатаму, меѓутоа вакви работи се недозволиви. Мечот за нас не беше добар, Јувентус заслужи да победи, но среќен сум што сме во осминафинале“, изјави Осимен.

Тој рече дека се обидел да им објасни на соиграчите по првата средба дека ништо не е завршено и што ги чека во Торино, но дека не сите го слушале.

„Им кажав на моите соиграчи колку ќе биде тешко да се игра во Торино бидејќи имав искуство со Наполи тука. Ги советував како да пристапат кон играта и се обидов да ги мотивирам. Некои не ме слушаа, но не се откажав и им кажав за време на играта кога сфатија дека сум во право.“

Се вчитува...