Осимен ќе биде замената за Левандовски во Барселона

Нигерискиот напаѓач Виктор Осимен, е на мета на Барселона, во случај Роберт Левандовски да ја напушти екипата на крајот од сезоната.

Барселона имаше интерес за овој голгетер уште во 2024 година. Тогаш трансферот не се реализираше поради високата цена на напаѓачот. Сепак, и сега Барса има проблеми со финансиите, па затоа трансферот во голема мера ќе зависи од висината на сумата.

Галатасарај го потпиша Осимен ова лето за 75 милиони евра. Во оваа сезона напаѓачот има три гола во седум меча во турската Суперлига.

Се вчитува...