Напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен на лето многу веројатно ќе го напушти тимот и ќе се пресели во Премиерлигата. Неколку пати самиот Нигериец кажа дека му е желба да оди во Англија, а за него особено загриза Челси.
Токму Челси се очекуваше да биде неговата идна дестинација, а се поради изјавите на неговиот сонародник Џон Оби Микел, кој кажа дека Осимен го сака клубот, и дека сака да дојде во него, и дека го наговара да дојде во лондонските „сини“.
Но, како што тврдат англиските медиуми, навивачите на Челси ќе останат шокирани, со оглед дека Арсенал води во трката за неговиот потпис. Лесно би можело да се случи тој да стане дел од „топчиите“ кои се во потрага по напаѓач веќе некое време.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА