Виктор Осимен е подготвен да ги одбие европските гиганти и да остане во Наполи потпишувајќи нов договор со италијанскиот првак. Де Лаурентис упорно инсистира на отштета од околу 200 милиони евра, се со цел да го задржи најдобриот стрелец во Неапол, паралелно со тоа водејќи преговори со агентот на Осимен за зголемување на платата на одличниот фудбалер.
Последните информации велат дека е направен значаен чекор во преговорите, откако Осимен се согласил на плата од седум милиони евра плус бонуси за да продолжи да ги брани боите на „наполитанците“.
Нигерискиот репрезентативец има само еден услов, во новиот договор да има клаузула со која следното лето би можел да си замине за 120 милиони евра. Де Лаурентис е подготвен да го задоволи ова барање на одличниот стрелец, кој на крајот од наредната сезона сигурно би имал купец за оваа сума, а Наполи во меѓувреме ќе може добро да го проучи пазарот и да договори адекватна замена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА