Осимен му „намигна“ на Баерн Минхен: Сакам да се вратам во Германија

Сагата околу трансферот на Виктор Осимен продолжува. За него има неколку заинтересирани клубови, а самиот фудбалер ја кажа желбата, а таа е да се врати во Германија. Осимен безуспешно настапуваше за тимот на Волфсбург во минатото, од каде потоа замина во Лил, па во Наполи каде што експлодираше и беше заслужен за титулата на Наполи после 33 години.

Баерн Минхен е еден од заинтересираните клубови за Нигериецот. Меѓутоа проблем за „Баварците“ е цената која ја бара Наполи, а таа е 180 милиони евра. Баерн не е подготвен да даде толку пари, па од тука веќе се сврти кон некои други решенија.

Вчера се појави информација дека Баерн Минхен ги договорил личните услови со Хари Кејн, а сега останува само да се договорат двата клуба. Се шпекулира со сума од 100 милиони евра.

Се вчитува...