Осимен не штеди зборови за „дијамантот“: Елмас е навистина голем човек!

Нигериецот Виктор Осимен кој сезонава има 19 гола во Серија А  во дресот на Наполи, го доби признанието за најдобар странец во Италија во изборот на странските медиуми.

За време на интервјуто пред италијанските и европските медиуми по добивањето на наградата, Осимен не штедеше зборови на пофалба за македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.

Нигериецот и тоа како има позитивно мислење за Елмас како фудбалер, но сега потенцира дека покажал дека е голем човек, откако на иницијатива на Елиф фудбалерите на Наполи ги ставија дресовите на аукција за да соберат пари за помош на настраданите во катастрофалниот земјотрес кој ја погоди југоисточна Турција.

„Елмас одличен фудбалер, но е навистина и многу добро момче, голем човек. И тоа што го направи е навистина извонредно. Елиф во еден момент по таа трагедија влезе во соблекувалната и разговаравме за ситуацијата во Турција, и покрена иницијатива да се помогне. Сите ние веднаш ја прифативме идејата, веднаш дадовме поддршка. Навистина направи добра работа“ – истакна Осимен.

Се вчитува...