Напаѓачот на Наполи Виктор Осимен во моментов веројатно е најбараниот напаѓач во светот. Нигериецот е најдобар стрелец во Серија А, во која „наполитанците“ на импресивен начин ќе стигнат до титулата, а тој со голот против Ајнтрахт во првиот меч го турна својот тим и во четвртфиналето на Лигата на шампионите.
За брилијантниот напаѓач интерес покажаа многу клубови, а пред се Манчестер Јунајтед и Челси. Сепак, Осимен во моментов не им придава големо значење на шпекулациите.
„Ме интересира само Наполи и ништо друго. Што ќе се случува во иднина со мене и Наполи, ќе видиме и дознаеме на крајот од сезоната“, изјави Осимен, кој има договор со „наполитанците“ до јуни 2025 година.
Осимен во текот на кариерата одигра 22 натпревари за репрезентацијата на Нигерија и постигна 15 голови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА