Осимен одби понуда од 1 милион евра неделно

Напаѓачот на Наполи и репрезентативец на Нигерија, Виктор Осимен ја одби понудата на Ал-Хилал според која требало да заработува нешто повеќе од 1 милион евра неделно.

Ова го пренесуваат италијанските медиуми кои напоменуваат дека без оглед на саудиските милиони, Нигериецот и следната сезона ќе остане дел од Наполи, со кој минатата сезона го освоио Скудетото.

Претходно Наполи одби понуда од 120 милиони евра за Осимен, а наводно заинтересираниот тим ја зголемил понудата. Италијанците наведуваат дека во изминатите неколку дена фудбалерот имал средба со првиот човек на клубот, Аурелио Де Лаурентис.

Главна тема била наводно клаузулата во договорот, според која Наполи бара да изнесува 150 милиони евра, додека менаџерите барале да биде 110 милиони.

Се вчитува...