Ако досега не беше јасно, сега е веќе дефинитивно дека Виктор Осимен останува во Наполи и во новата сезона. Италијанските медиуми пишуваат дека дури ќе потпише и нов договор до 2026 година (сегашниот му е до 2025 година).
Актуелниот првак на Серија „А“ за возврат му нуди подобра плата, и од сега Осимен ќе заработува повеќе од 10 милиони евра по сезона.
За Осимен долго време беа заинтересирани и европските гиганти, но во последно време сериозно заиграа и од Саудиска Арабија, меѓутоа на крајот се реши да остане во Неапол, на радост и воодушевување на фановите на новиот шампион.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА