Виктор Осимен е подготвен да потпише нов договор со Наполи откако последните преговори со Аурелио де Лаурентис вродија со плод. Актуелниот договор на Осимен истекуваше во 2025 година, а „наполитанците“ се погрижија тој да го продолжи престојот за уште една година.
Нигериецот ќе добие зголемување на платата, но добро упатени извори тврдат дека новиот договор нема да значи дека Осимен уште долго ќе остане во Неапол. Имено, Де Лаурентис ја исполнил желбата на голгетерот во новиот договор да има клаузула од 130 милиони евра,
Станува збор за сума што речиси сите заинтересирани клубови се подготвени да ја платат, а се најавува дека Челси веќе во јануари ќе тргне во офанзива, со 130 милиони евра да го доведе одличниот голгетер на „Стемфорд бриџ“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА