Нигерискиот репрезентативец, Виктор Осимен ова лето најверојатно ќе потпише нов договор со италијанскиот шампион Наполи. Актуелниот му завршува во 2025 година.
И двете страни се блиску до нов договор во кој ќе има и откупна клаузула, затоа што е очигледно дека Нигериецот не сака ова лето да замине од Неапол.
Европските гиганти ПСЖ, Баерн Минхен и Манчестер Јунајтед беа сериозно заинтересирани за неговите услуги, меѓутоа се одлучија да се откажат од обидите за ангажман поради неверојатно високите суми кои ги бара првиот човек на Наполи, Де Лаурентис.
Европските клубови сметаат дека сумите кои Наполи ги бара како отштета се чист „грабеж“, затоа што Осимен е далеку од таа вредност. Па, сега Баерн и ПСЖ бараат нови алтернативи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА