Наполи има водство од 2-0 против Удинезе на полувреме на мечот од 6. коло од новата сезона во италијанската Серија А.
Стрелец на вториот гол за актуелниот шампион беше Виктор Осимен кој не го славеше погодокот поради контроверзното видео кое се појави на официјалните профили на социјалните мрежи на клубот.
Осимен не можел да разбере како е можно да биде исмејуван од сопствениот клуб. Итно разговарал со менаџерот за социјални мрежи во клубот од кого добил и извинување, по што беше отстранет спорниот видео-материјал.
Napoli 2-0 Udinese – Victor Osimhen 39′
byu/Meladroitdeposter insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА