Фудбалерот на Галатасарај, Виктор Осимен изјави дека планира да тужи турски новинар откако наводно физички го нападнал за време на расправија.
Новинарот, Толга Боздуман, го обвини Осимен дека го нападнал минатата недела по ремито 3-3 против Динамо Киев.
Новинарот рече дека Осимен го нападнал и удрил пред ноќниот клуб, додека фотографирал со други колеги.
„Штом се појавија блицовите, тој почна да вика и истрча кон мене. Се обиде да ја зграпчи камерата, но јас ја држев, а потоа ме удри со тупаница во главата. Десната страна од главата се уште ме боли”, рекол Буздман.
Тој додаде дека Осимен наводно му понудил пари за да ги избрише фотографиите, а кога новинарот одбил, 26-годишниот фудбалер наводно почнал да му се заканува велејќи дека „ќе го уништи ако се објават фотографиите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА