Еден од најдобрите напаѓачи на денешницата Виктор Осимен, ја „отвори душата“ и проговори за својот престој во Наполи. Осимен мина пет години во тимот од Неапол (една беше позајмен-, и остави длабока трага во овој тим, откако му помогна на тимот да ја врати титулата во Серија „А“ после долго време.
Но, одеднаш почнаа проблеми на релација клуб – играч. Сега Нигериецот објаснува како дошло до тоа. Тој бараше трансфер, на крајот како позајмен заврши во Галатасарај, а потоа турскиот тим го откупи неговиот договор.
Напаѓачот се пожали дека во Наполи бил исмејуван, бил третиран како куче, а исто така и навивачи му доаѓале дома и расистички го навредувале.
„Наполи ме исмејуваше на својот Тик-Ток кога го промашив пеналот. Тоа го стори само со мене. Примав расистички навреди, и неколку навивачи ми дојдоа дома. Тогаш се одлучив да си заминам. Наполи ме третираше како куче. Работев многу напорно, и не заслужив таков третман“, изјави Осимен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

