Осимен: Во Наполи ме третираа како куче, можев да играм за Јуве

Виктор Осимен го предводи Галатасарај во нападот на нови трофеи, но и што подобар пласман во Лигата на Шампионите каде турскиот гигант за ривал во првата нокаут фаза го има Јувентус.

Интересно, Јувентус беше клубот со кој нигерискиот голгетер често беше поврзуван при заминувањето од Наполи, но тој трансфер никогаш не се реализираше.

„Точно е, можев да играм за Јуве. Уште пред да почнам да разговарам со Галатасарај добив повик од тогашниот директор Џунтоли. Јасно ми покажа колку во Јувентус сакаат да ме ангажираат, но знаев дека од Наполи никогаш нема да ме пуштат. Кога клуб како Јуве ќе те побара нормално дека ќе бидеш заинтересиран, но ми беше јасно дека шансите за таков трансфер од Наполи се миинимални“, истакна Осимен.

Тој не ја крие горчината од начинот на кој си замина од редовите на Наполи.

„Имаше премногу лаги, неисполнети ветувањаа. Сепак, врската целосно пукна откако промашив еден пенал, а потоа видеото беше постирано на клупскиот тикток-канал. Следеа бројни критики, расистички навреди, се и сешто и стана јасно дека не можеме да продолжиме заедно. Потоа се измислуваа работи, дека сум доцнел на тренинзи, дека сум се тепал со соиграчи, ноторни лаги за да се стави дамка на моето име. На крајот, Конте по доаѓањето ме викна и ми рече дека сум му потребен. Му се заблагодарив и му реков дека сепак одлуката е донесен и не можам да останам во клуб што ми направи толку лоши работи за кратко време“, обелодени Осимен.

Се вчитува...