Се појасно е дека Килијан Мбапе од јуни се сели во Реал Мадрид, по крајот на договорот со ПСЖ, па токму поради тоа од францускиот шампион веќе се во потрага по неговата замена.
Како што тврдат француските медиуми, нигерскиот репрезентативец од Наполи, Виктор Осимен ќе биде замената за Мбапе во ПСЖ, и покрај тоа што претходно се спомнуваше и Леао од Милан.
Осимен неодамна го продолжи договорот со Наполи до јуни 2026 година, а ако ПСЖ сака да го ангажира ќе мора да ја активира откупната клаузула од 112 милиони евра.
Од францускиот шампион сметаат дека плаќањето 112 милиони евра за квалитетен напаѓач како Осимен ќе биде лек за смирување на своите навивачи по заминувањето на Мбапе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА