Осимен збесна: Ти си ѓубре и срам!

После минатосезонската „бајка“ на Наполи која беше зачинета со шампионска титула во Серија „А“, се чинеше дека тимот ќе владее во следните години во Италија. Меѓутоа во оваа тимот е далеку од титула, и заостанува дури 20 бодови од водечкиот интер.

Освен резултатите, се чини дека и соблекувалната е вистинска „бомба“. Елиф Елмас веќе си замина, имаше и две тренерски смени за кратко време, а во екипата се врати Валтер Мацари, кој е се чини алтернативно решение, додека Аурелио Де Лаурентис бара трајно решение во звучно име, како што е Антонио Конте.

Пред неколку месеци Виктор Осимен им се налути на сите во Наполи поради едно видео поставено на негова сметка на социјалните мрежи, но страстите набрзо се смирија откако Нигериецот подоцна потпиша нов договор. Сега Осимен се најде во центарот на вниманието откако го нападна Мамука Југели, агентот на Квича Кварацхелија. Напаѓачот беше гневен поради зборовите на Југели дека Осимен на лето сигурно ќе замине во Саудиска Арабија.

„Драг Мамука Југели, ти си парче ѓубре и срам. Незгорно ми е поради твојата смисла на расудување. Глупак! Не го споменувај моето име“, напиша Осимен на социјалните мрежи.

Јигели претходно изјави: „Еве ви кажувам. Осимен на лето ќе замине во Саудиска Арабија. Квича не би прифатил да оди таму ниту за милијарда евра. Повеќе би сакал во Реал Мадрид, Барселона, Манчестер Сити. Квича има други цели“.

Оваа изјава го разбесни Нигериецот кој одново се најде во центарот на скандалот со овие зборови. Ова и дефинитивно покажува дека во соблекувалната на Наполи не е како што треба. Останува да се види како ќе реагира неговиот соиграч Кварацхелија на овие зборови од неговиот соиграч.

Се вчитува...