Оскар прв одбра милиони пред врвен фудбал: Не сакав сиромав да живеам од спомени

Бразилецот Оскар во 2017 година приреди шок во светот на фудбалот прифајќајќи трансфер од Челси во кинески Шангај на врвот на својата кариера и тоа само на 26-годишна возраст.

За негов трансфер постоеше интерес од сите европски гиганти, но тој ја одбра пребогатата понуда од Кина која како што вели самиот му донела богатство со кое ја осигра иднината на неговото семејство.

И покрај тоа што многумина го осудија за потегот да го остави врвниот фудбал и можноста за настап за Бразил на најголемата сцена за „долар повеќе“, Оксар верува дека тоа е вистинската одлука бидејќи не сакал да живее од спомени.

„Воопшто не ми беше галје дали ќе играм на Светско првенство или не. Трпев многу критики бидејќи прифатив понуда од Кина. Лично мислев на моето семејство и мојата иднина. Не сакав кога ќе остарам да бидам сиромав и да живеам од спомени дека сум играл на Светско првенство“, изјави Оскар.

Се вчитува...