Оскар за глупост: Пенал како овој за Индепендиенте не сте виделе во животот (видео)

Натпреварот од аргентинското првенство меѓу Индепендиенте и Колон ќе остане запаметен по неверојатниот пенал досуден за домаќините, по огромната глупост на дефанзивецот Паоло Голц.

Гостинскиот тим требаше да изведе гол-аут, голманот ја допре топката, а Голц ја фати со рацете за да ја изведе од аголот на голманскиот простор. Домашните играчи веднаш бурно реагираа, судијата не ја забележа веднаш целата случка, но затоа тука беа ВАР-арбитрите, кои помогнаа да биде досуден пенал за Индепендиенте.

Погледнете го еден од најглупавите пенали некогаш направени во историјата на фудбалот…

Се вчитува...