Манчестер сити им се врати на победите во англискиот шампионат откако стигна до победа на домашен терен против Брајтон од 3-1 во натпревар од 12. коло во Премиер-лигата.
Домаќините до водство од 1-0 ги донесе неверојатниот Халанд уште во 22. минута од натпреварот. Истиот фудбалер зголеми на 2-0 во 43. минута од пенал откако претходно на „оскаровски“ начин Бернардо Силва успеа да го изнуди.
Во вториот дел гостите преку Тросард во 53. минута намалија на 2-1, додека конечните 3-1 ги постави Кевин де Брујне во 75. минута. Во вториот меч од терминот од 16 часот Евертон славеше на домашен терен против Кристал Палас со 3-0.
Manchester City [2] – 0 Brighton – Erling Haaland penalty 43'
by insoccer
Manchester City [3] – 1 Brighton – Kevin De Bruyne great goal 75'
by insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

