Осма победа во низа: Јувентус пак слави во „пет до дванаесет“

Фантастичната серија на Јувентус продолжи и вечерва, откако „старата дама“ славеше над Удинезе со 1-0 за осми триумф во низа, и тоа осми меч на кој Јувентус не прими ниту еден единствен погодок. Слично како и на последниот дуел со Кремонезе, „старата дама“ се мачеше да го скрши отпорот на противникот се до самиот крај, но успеа да слави благодарение на голот на Данило во 86. минута.

Првото полувреме донесе здодевен фудбал без премногу возбудувања, а најубавата шанса ја пропушти Ругани, кој биеше прецизно со лгава, но голманот на Удинезе го одбрани неговиот удар. Пред крајот на полувремето Кеан втрча од позадина и шутираше, но гостинскиот чувар на мрежата повторно беше поуспешен.

Јувентус се отвори во второто полувреме, домаќините се почесто се селеа во шеснаесеетникот на Удинезе, а ваквиот пристап бше награден на пет минути до крајот, кога Паредес одигра маестрална длабочинска топка до Киеза, италијанскиот репрезентативец несебично во празно го проигра Данило, кој од два-три метри немаше тешка задача да ја смести во мрежата.

Се вчитува...