Осман: Вистинско финале, битка на две непоразени селекции

Турција со импресивно издание ја декласираше селекцијата на Грција и се пласираше во големото финале на Евробаскет 2025, каде за противник ќе го има светскиот првак Германија (20 часот во Рига).

Џеди Османн стисна заби по повредата во четвртфиналето и даде придонес во овој голем триумф, а асот на Панатинаикос очекува жестока битка и во претстојното финале.

„Ова ќе биде вистинско финале, битка на две репрезентации што немаат пораз на ова Европско првенство. Можам да кажам дека сме подготвени, работевме напорно за да стигенме до овде, сега сме возбудени што ќе играме за златото. Играме со одличен ривал, Германија е светски првак со силен ростер, со играчи како Шредер, Вагнер, Тајт и Обст, но ние веќе покажавме дека можеме да играме со силни противници и да ги победуваме, како против Србија, Грција и Литванија. Ќе дадеме се од себе за да го оствариме големиот сон“, истакна Осман во пресрет на големото финале.

Се вчитува...