Македонската фудбалска репрезентација од 20 часот и 45 минути силите ќе си ги одмери со Англија во квалификациите за Евро 2024. На гостувањето на „Олд Трафорд“ избраниците на Милевски ќе бркаат изненадување против фаворизираниот домаќин.
Македонија во Манчстер ќе има голема поддршка од трибините, а дел од навивачите ќе бидат и Министерот за надворешни работи Бујар Османи и претседателот на ФФМ, Муадем Сејдини.
„Со задоволство денеска сум во Манчестер како дел од мојата посета во Обидинетото Кралство. Денеска ми се тука најдобрите амбасадори, тие што ги промовираат вредностите кои ние дипломатија се обидуваме да ги постави на наш начин. Ова е најмасовниот начин на промовирање на вредностите. Затоа сум тука денеска да ги бодрам нашите фудбалери и да посакам денеска да издовиме победа“, вели Османи.
Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини верува дека фудбалерите се повеќе од подготвени уште еднаш да ја израдуваат Македонија.
„Чест ни е и задоволство што како селекција играме против една моќна репрезентација како Англија. Ние покажавме досега дека спортски знаеме да се надигруваме и со најдобрите. Така ќе биде и вечерва на „Олд Трафорд“ со надеж фудбалерите уште еднаш да ја израдуваат цела Македонија“, изјави Сејдини.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА